Прилепчани и вечерва излегоа и во еден глас му порачаа на Груевски — ДОСТА Е!
На отворениот граѓански парламент, пред толпата народ се обрати пратеничката Радмила Шеќеринска која им порача на спроведувачите на режимот дека токму од Прилеп започна крајот на диктатурата на Груевски. Дека Прилеп ја почна третата револуција.
„Народот дава и зема власт. За два месеца народот ќе знае после два месеци кому да ја даде власта. Кога не влечеа по ходниците тие покажаа страв. Само уплашен човек вака тепа.“, рече Шеќеринска.
Говореше и претставникот на граѓанското здружение АМАН Влатко Ристески, кој истакна дека деновите на собирање арач од дуќанџиите завршуваат, и дека претседателот на Собранието, Трајко Вељановски му испратил писмо со кое го излажал дека иницијативата на АМАН за поевтина струја ќе биде поставена пред пратениците.