Дводневна работилница за стандардите на ЕУ за обука на судии и обвинители

Од:

Судии, јавни обвинители, претставници од релевантни институции од Македонија, како и од правосудните академии од Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција, денеска и утре во Скопје учествуваат на Меѓународна работилница за „Стандардите на ЕУ за почетна обука на судии и јавни обвинители“.

Генералниот секретар на Европска мрежа за судска обука Војчех Постулски пред почетокот на работилницата изјави дека нивната мрежа е темел на сите институции, кои тренираат судии во земјите-членки на Европската унија, но и во земјите-кандидати на Унијата.

Посочи дека независноста во процесот на тренинг е круцијален елемент и оти тренингот на судиите е темел за независното и непристрасно судство.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска истакна дека работилницата ќе обезбеди размена на најдобри практики помеѓу претставниците на правосудсните академии од ИПА земјите и експерти од Белгискиот институт за обука на судии, Европската мрежа за судска обука во Брисел, шведското судство, Холандскиот центар за обука и проучување на судството, Француската национална школа за судии и Европската школа за спроведување во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО