Меѓународна работилница за „Стандардите на ЕУ за почетна обука на судии и јавни обвинители“ ќе се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија.
Целта на работилницата е да се зголеми знаењето на учесниците за стандардите на ЕУ во врска со изборот и почетната обука на идните судии и јавни обвинители.
Излагања ќе имаат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска, генералниот секретар на Европска мрежа за судска обука Војчех Постулски, директорот на Белгиски институт за судска обука Раф Ван Рансбег, судијата во Окружниот суд Кристианстад, Шведска, Ленарт Јохансон, како и претставниците од Правосудните Академии од земјите од регионот.