Состанок на Партнерската комисија САД – Јадранска повелба

Од:

Во рамките на македонското претседавање со САД – Јадранската повелба, денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, ќе се одржи состанок на Партнерската комисија на Повелбата под мотото „Балканот напред – исполнување на визијата за целосна и слободна Европа“.

На состанокот со кој ќе претседава МНР Никола Димитров, ќе учествуваат делегации на членките на Повелбата: Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, на набљудувачите Србија, Косово и Словенија, како и шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје.

Состанокот ќе биде посветен на постигнувањата кои произлегуваат од пораките на историскиот лидерски состанок на САД – Јадранската повелба одржан во Подгорица на 2 август 2017 и Состанокот на Министрите за надворешни работи, одржан во септември оваа година на маргините на 72-то Генерално собрание на ООН во Њујорк.

Во текот на работата на Партнерската комисија ќе бидат разменети мислења за активностите во рамки на Повелбата и нејзиното значење како инструмент за забрзување на процесот на евро-атлантската интеграција на Југоисточна Европа, актуелната политичко-безбедносна соработка во регионот, зајакнувањето на регионалната соработка и придонесот во соочувањето со актуелните безбедносни предизвици во Регионот и пошироко.

Со овој Министерски состанок се заокружува македонското претседавање со САД – Јадранската повелба и истото ќе биде предадено на Црна Гора како претседавач со Повелбата за 2018 година.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија