Груевски му се пожали на норвешкиот амбасадор дека власта спроведува политички прогон

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад. На средбата се разговараше за актуелната состојба во државата и стратешките интереси на Република Македонија.

Груевски посочи дека власта спроведува политички прогон и реваншизам врз сите оние кои различно мислат. Доказ за тоа се и приведените за настаните од 27 април кои се предмет на хајка и монструозно обвинение.

– Во притвор се наоѓаат невини луѓе, a во исто време кога се носи амнестија за над 1000 затвореници и се ослободуваат убиците на децата на Смилковско езеро. Меѓу другото се апсат пратеници и се определува притвор со цел да се оневможи нивно физичко присуство во парламентот. Република Македонија е држава каде власта уапси 12 осто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 осто од вкупниот пратенички состав, посочи Груевски.

Тој додаде дека истовремено политичкиот прогон се случува и во поширока смисла, a СДС преку СЈО креира непостоечки обвиненија. Се кршат закони и измислуваат случаи, а во предизборието и по него посебна мета беа и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои во екот на кампањата се соочуваа со фабрикувани кривични пријави, како форма на притисок. Над 150 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се предмет на судска, полициска и политичка хајка зад која се кријат политички мотиви.

– Политичкиот прогон мора да престане, исто како што мора да се стави крај на гушењето на демократијата. Додека систематски се задушува слободата, економијата тоне, а стандардот на граѓаните слабее, истака Груевски.

– Во ваква една атмосфера на страв, закани и уцени невозможно е земјата да се посвети на вистинсите стратешки интереси како што е членството во НАТО, посочи Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека за Република Македонија мора и треба да останат приоритет членството во ЕУ и НАТО и враќање на реформскиот процес што ќе значи унапредување на стандардите во многу сфери од општествениот и политички живот.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски