Државниот секретар на МВР учествуваше на 16. состанок на Советот на СЕЛЕК

Од:

Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска учествуваше на 16-тиот состанок на Советот на СЕЛЕК, кој се одржа, денеска во Букурешт, Романија. На состанокот, по претходно спроведена постапка од страна на СЕЛЕК, беше извршен избор на нов генерален директор.

Согласно Правилникот и Деловникот за работа на СЕЛЕК, г-ѓата Снејана Малеева од Република Бугарија со тајно гласање, беше избрана за нов генерален директор на СЕЛЕК. Исто така, на состанокот беа презентирани и извештаите за активностите кои СЕЛЕК ги презеде во првата половина на 2017 година, активностите во делот на спроведување на проектите во кои СЕЛЕК е вклучен како партнер, и се усвои и интерен Правилник за спроведување на проекти.

На денешниот состанок, Република Хрватска го најави своето формално повлекување од членство во СЕЛЕК, по усвојување на формалната одлука на седница на Владата на Република Хрватска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР