Бочварски се сретна со претставници на Општинската Организација на Сојузот на борци во Штип

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска оствари средба со претставници на Општинската Организација на Сојузот на борци во Штип.

На средбата градоначалникот ги изрази неговите заложби за зачувување на споменот на Народноослободителната борба и оддавање почит на партизанките и партизаните кои се бореле за слободата на Македонија.

Градоначалникот Бочварски на претставниците на Сојузот на борците им даде уверување дека ќе имаат целосна поддршка за одбележување на важните датуми на достоинствен начин, како што доликува, и им вети дека повеќе нема да се соочуваат со уцени и проблеми, како во изминатиот период.

Градоначалникот вети санација на спомениците на борците во НОБ, но и слободен пристап и можност за користење на просториите на Сојузот на борците, коишто се наоѓаат во зградата на Општина Штип, а се наменети за општествено-политички организации.

На крајот од средбата, градоначалникот потпиша пристапница за членство во Сојузот на борците.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена