Политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Македонија и на БиХ

Од:

Денеска, во Скопје се одржаа политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Босна и Херцеговина.

Политичките консултации ги водеа заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Арта Точи и заменик министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Јосип Бркиќ.

Точи изрази уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе го одржат позитивниот тренд на развој и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес.

Соговорниците констатираа одлични билатерални односи, потврдени со засилената динамика на размена на посети на високо и највисоко ниво, заемните заложби за збогатување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во делот на европските и евроатланските интеграции на двете земји.

Економската димензија на билатералната соработка беше особено акцентирана дотолку повеќе што постојат можности и заемен интерес за нејзино унапредување.

Во оваа смисла, се подвлекоа напорите на двете Влади за креирање поволни можности, меѓу кои, воведување на авио линија Скопје – Подгорица – Сараево, олеснување на патувањето на граѓаните на двете земји со биометриски патни исправи, меѓусебно признавање на возачките дозволи и др.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во двете земји, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија