Од извори блиски на компанијата Ејпл, во план е да се произведе Ајфон со цена за сечиј џеб.
Американските весници пишуваат дека ваквата идеја на Ејпл се разгледува веќе со години но сега се доближува моментот кога истата треба да се реализира.
Евтиниот Ајфон ќе го има истиот дизајн како неговите претходници но сепак наместа алуминиум ќе се користи пластика.
Apple сака да ја намали цената со поевтиниот материјал, наместо да штети на клучните компоненти кои придонесуваат кон перформансите на телефонот.