Белата куќа најави дека претседателот Доналд Трамп денеска ќе потпише директива за вселенска политика, чија цел е повторно да бидат испратени американски астронаути на Месечината, а потоа и на Марс.
– Трамп ќе ја потпише „Директивата 1 за вселенската политика“, со што ќе и нареди на Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) да биде предводник во иновативната програма за истражување на вселената, наведе портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли.
Тој кажа дека во рамките на програмата ќе се работи на испраќање на астронаути на Месечината и на Марс.