Адвокатските комори на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, членки на Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRRLN), во Скопје одржаа состанок, на кој ги разгледаа можностите за продолжување на регионалните проекти чија мисија е придонес кон владеењето на правото, демократијата и заштитата на човековите права преку зајакнување на независноста и ефикасноста на адвокатурата и адвокатските комори.
За нов претседател на Балканската регионална мрежа за владеење на правото од ноември 2017 година е претседателот на Адвокатската комора на РМ, Никола Додевски.