Фед ќе ја изгуби независноста, еврото ќе падне на паритет со доларот, биткоинот ќе доживее крах, а „Тенцент“ ќе го претекне„Епл“, предвидува групата Саксо банк за 2018 година во својата традиционална годишна прогноза.
Саксо банк со десет провокативни предвидувања предизвика немир, а интригантни се следниве прогнози: Вол стрит во 2018 година ќе доживее 25-отстотен еднодневен пад (мерено според индексот на СиП 500), при што Саксо банк веќе одреди дека тоа ќе биде понеделник, кој, секако, ќе се нарече и црн понеделник, како оној на 19 октомври 1987 година.