Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис најави дека Велика Британија нема да ја плати „сметката за разводот“ која се проценува помеѓу 40 и 45 милијарди евра, доколку Лондон и Брисел не постигнат договор за нивните трговски односи по излегувањето на земјата од ЕУ.
Велика Британија и ЕУ постигнаа компромис околу принципите за финансиското порамнување на Брегизит во петокот, како дел од договорот за истапување на Лондон од Унијата кон крајот на март 2019 година.
Според Дејвис плаќањето на долгот од страна на лондон ќе зависи од добивањето преоден период по Брегзит и склучувањето трговски договор.
Во врска со претходните најави на Лондон дека по Брегзит ќе биде воспоставена контрола на границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, Дејвис изјави дека тоа било „изјава на намери“ на британската Влада, а не „законски обрзувчка одлука“.