Гостин во хотел во населбата Илинден вчера почнал да крши дел од инвентарот во ресторанот по што зел нож и започнал да замавнува кон вработените.
Кога лицето започнало со кршење на дел од инвентарот од ресторанот на хотелот вработените избегале во кујната, по што лицето со нож започнало да замавнува кон нив. Тој заедно со негов пријател со кој биле во хотелот со возило го напуштиле местото на настанот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.