По посетата на помошникот-генерален секретар на ОН, Џефри Фелтман на Пјонгјанг, Северна Кореја и Обединетите нации постигнаа договор да комуницираат на реодвна основа.
Фелтман и министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Џонг-хо се согласија дека ситуацијата на Корејскиот Полуостров е најсериозниот безбедносен проблем во светот.
Претставникот на ОН замина во посета на Северна Кореја по високите тензии меѓу земјата, Јужна Кореја, Јапонија и САД. Фелтман оценил дека во Пјонгјанг проблемот може да се реши само по дипломатски пат.
Тој наведува дека постои итна потреба од спречување на погрешки пресмети и побарал отворање канал на коумикација за намалување на ризиците од судир, но побарал и имплементација на сите резолуции на ОН.