Четири лица загинаа при напад врз државната телевизија во Сана

Од:

При воздушен напад врз зградата на државната телевизија во јеменскиот главен град Сана синоќа загинаа четири лица.

Според бунтовнички извори, нападот врз телевизијата „Јемен ТВ“ го извршиле авиони на арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата Влада на Јемен во која доминираат сунитите.

Загинатите биле вработени како чувари во телевизијата.

– Тоа не е воен објект, тука нема оружје. Тоа е едноставно дел од зградата во која е сместено обезбедувањето, изјави реководителот на чуварската служба на телевизијата.

Хутите презедоа целосна контрола врз Сана откако на почетокот на неделата го ликвидираа поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех, кој до неодамна беше нивни сојузник, но потоа застана на страна на Владата, чии сили се борат против шиитските бунтовници.

По убиството на поранешниот претседател, Хутите ги протераа силите лојални на Салех од Сана и презедоа целосна контрола врз сите државни институции во градот.

Салех денеска беше погребан во неговото родно село во близината на Сана, кое е под контрола на Хутите. На погребот присуствувале само 20-тина лица – еден од синовите на Салех, негови роднини и соработници, како и претставник на Хутите.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида