Европол: Албанија главен извор на канабис

Од:

Албанија повторно е рангирана како главен извор на недозволена трговија со канабис во земјите на ЕУ од страна на агенцијата за криминалистичко разузнавање на Европската унија, Европол.

Во последниот извештај се наведува дека криминалните групи во Европа заработуваат 24 милијарди евра годишно само од шверц со канабис, кокаин и хероин. Европол изразува загриженост од пуштњето на пазарот на нови видови опасни, синтетички дроги.

Според Европол проблем останува перењето пари од страна на криминалните групи и тешкотијата на властите во конфискацијата на имотот стекнат на тој начин.

– Само еден отсто од парите добиени од продажба на дрогата, органите на власта успеваат да ги конфискуваат. Исто така има криминални групи, кои освен трговијата со дрога се поврзани и со тероризам, стои во извештајот.

Во соработка со сите земји Европол се стреми до 2020 година да го искорени недозволеното производство и трговија со наркотични средства.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија