Загинал ловџија кој бил ранет од ловна пушка во Струмица

Од:

Едно лице почина откако бил повредено од ловна пушка во пределот на главата за време на лов на дивеч во близина на браната Водоча, Струмица.

При лов на дивеч во кој учествувале поголема група на ловџии, Ж.И. бил повреден од ловна пушка во пределот на главата. Поради непристапниот терен, возилото на итна медицинска помош не можело да отиде до самото место, по што еден од пристуните ловџии се упатил во најблиското село за да земе теренско возило, со цел повредениот да го пренесе до возилото на итната медицинска помош.

Ж.И. по два часа од повредата во безсознание и во тешка состојба бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица, каде што во 16:40 починал.

На местото на настанот излегол јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите