Тимот на Олимпијакос по продолжение со 92:83 го совлада Реал Мадрид во 11-то коло од Евролигата, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 72:72.
Најдобар на теренот кај Олимпијакос беше Јоргос Принтезис со 21 поен и седум скокови, додека Лука Дончиќ кај Реал Мадрид постигна 33 поени.
Со 100:81 втората победа во низа ја оствари и тимот на Перо Антиќ, Црвена Звезда против тимот на Анадолу Ефес. Поранешниот македонски репрезентивец постигна пет поени.