Властите во Пјонгјанг соопштија дека заменикот на генералниот секретар на ОН за политички прашања Џефри Фелтман ги пренел желбите за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров на средбите со претставници на Северна Кореја.
Во соопштението се посочува дека Фелтман за време на неговата посета на Северна Кореја признал дека санкциите имаат негативно влијание врз хуманитарната состојба во земјата.
– Организацијата на обединетите нации изрази загриженост поради состојбата на Корејскиот Полуостров и изрази желба да работи на намалување на тензиите во согласност со Повелбата на ОН, која ги гарантира меѓународниот мир и безбедност, се нагласува во соопштението.
Фелтман е највисок претставник на ОН кој што е во посета на Северна Кореја во последниве пет години.