Пратеничката Ивана Туфегџиќ која беше меѓу граѓаните кои протестираа пред Владата, изјави дека власта треба да ги употреби сите механизми за да ја стопира изградбата на рудниците.
– Моето присуство тука доволно кажува за мојот став за рудниците. Ние сме избрани од граѓаните и тие си го кажаа својот збор против рудниците.
Меѓу присутните на протестот во Скопје беа и пратеникот Горан Милевски, специјалната обвинителка Ленче Ристоска, повеќе граѓански активисти, како и Ѓунер Исмаил – советник во министерството за култура и советникот во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ.
Во исто време се одржува протестен марш и во Валандово. Таму неколку стотици граѓани со транспаренти „Стоп за Казандол“, „Не сакаме рудници на смртта“, „Ѕинго оди си од Валандово“ порачаа дека ќе се борат против изградбата и започнувањето со работа на овие рудници.