Австралиски пратеник го запроси својот партнер во Парламентот

Од:

Австралискиот пратеник Тим Вилсон го запроси својот партнер Рајан Болгер за време на собраниската дискусија за легализација на истосполови бракови во земјата.

Болгер, кој седеше во делот од салата предвиден за гости и заунтересирани граѓани за следење на седниците, одговори – „да!”, што предизвика општо задоволство и аплауз меѓу присутните.

Неофицијално, тоа е првото запросување во австралискиот Парламент воопшто.

Долниот дом на Парламентот денеска почна да го разгледува Предлог-закон за легалиаџија на истпопловите бракови, пет дена откако тој беше усвоен во Сенатот.

Се очекува конзервативните пратеници да поднесат амандмани на Предлог-закон, меѓу кои и оној што ќе им гарантира право на матичарите да одбија да сакаат да венчаваат истополови бракови. Сенатот ги отфрли таквите амандмани при расправата мината седмица.

Австралијците минатиот месец, со мнозинство гласови „за“, ја поддржаа легализација на истосполови бракови, на анкета спороведена на државно ниво.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on