„Гугл“ уште во мај годинава најави верзија на оперативниот систем „Андроид Орео“, наречена „Андроид Гоу“, наменета за мобилни телефони со послаби карактеристики.
„Андроид Гоу“ им е веќе доставен на производителите на уреди и апликации, а наскоро ќе биде достапен и за корисниците, објави списанието „Верг“.
Оваа верзија е програмирана да понуди подобри перформанси за паметни телефони со 512 мегабајти или еден гигабајт РАМ. Со неа, ќе бидат достапни и корисни апликации како што се: Гугл Асистент, Гугл Мапс и Гмаил.
Помалите апликации, како и полесните оперативни системи користат помалку меморија, па така уредите имаат подобри перформанси.