Димитров на Министерски совет на ОБСЕ во Виена

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров учествува на 24. Министерски совет на ОБСЕ, кој од се одржува во Виена, Австрија.

Од МНР соопштија дека вчера на Министерскиот совет се дискутирало за активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици со кои се соочува ОБСЕ регионот, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.

– Како држави учеснички на ОБСЕ имаме одговорност да направиме повеќе напори со цел да го направиме ОБСЕ поефикасно при справување со предизвиците. Истовремено, треба да соработуваме и да ја имаме пред нас во вид повисoката цел. Но, пред сè, како што и Македонија научи на потешкиот начин, преку сопствената неодамнешна политичка криза, не смее да има поинаква алтернатива на нашите заеднички вредности: заштита на човековите права, основните слободи и демократските норми, економска слобода и одговорност. Вредности кои се од бенефит и за македонската демократија, како и за патот кон кој сме цврсто посветени – европска и евро-атлантска интеграција, рече Димитров во обраќањето.

На маргините на состанокот, МНР Димитров имал повеќе билатерални средби и куси видувања со претставници на ОБСЕ, како и со свои колеги и останати шефови на делегации.

Димитров учествувал и на панел организиран и воден од страна на генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, посветен на улогата, перцепцијата и иднината на теренските операции на ОБСЕ, на кој беа претставени две успешни приказни – македонската и молдавската. Министерот Димитров во своето обраќање на панелот нагласил дека треба да се ослободиме од стигмата и поврзувањето на присуството на ОБСЕ мисија во земјата со кризи и потешкотии, и наместо тоа да се фокусираме на позитивните можности за соработка преку релевантни проекти од помош за земјата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани