Протести во Палестина по одлуката на Трамп, 38 лица повредени

Од:

По одлуката на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел во Појасот Газа и на Западниот Брег се собраа демонстранти. Израелските војници денеска обидувајќи се да ги растераат пука во нив при што повредени се најмалку 38 лица.

На улиците во градовите Хеброн и Ал Бирех на Западниот Брег денеска излегоа илјадници демонстранти извикувајќи „Ерусалим е главен град на Палестина“, а дел од нив со камења фрлаа врз израелските војници.

Војниците одговорија на провокациите со боева муниција и гумени куршуми, при што со боева муниција повредени се 11 демонстранти, додека 20 се повредени со гумени гуршуми.

Властите на Палестина повикаа на генерален штрајк во знак на протест против одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Палестинското Министерство за образование денешниот ден го прогласи за неработен, и ги повика наставниците, учениците и студентите да учествуваат во протестите во Западниот брег, Појасот Газа и палестинските квартови во Ерусалим.

Во знак на протест против одлуката на Трамп, Палестинците синоќа ги изгасија и сијаличките на новогодишната елка кај Црквата на Христовото раѓање во Витлеем.

– Треба да упатиме повик и да работиме на започнување Унтифада против ционистичкиот непријател, изјави во Газа лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, кој одлуката на Трамп ја нарече „објава на војна“.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање