Руската армија ја исполни мисијата во Сирија и ја победи Исламска држава, соопшти денеска рускиот генерал полновник Сергеј Рудској, задолжен во Генералштабот за операциите на трупите.
Според него во Сирија веќе нема населено место под контрола на ИД.
– Последната фаза во поразот на терористите беше следена од досега невидена употреба на руските воздушни сили. Руските војници распоредени во Сирија сега ќе се фокусираат на зачувување на прекинот на огнот и враќање на мирен живот, изјави Рудској за телевизискиот канал „Росија 24“.