(ВИДЕО) Фетаи: Адвокатите ја одолговлекуваат постапката, Груевски е обвинет за насилство

Од:

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, по завршувањето на главното рочише од случајот „Шамарите во Центар“, изјави дека е задоволна од исходот на рочиштето со оглед дека конечно започнала главната расправа.

„Позитивно е што одиме со изведување на доказите. Наредното судење ќе имаме вкрстено испрашување. Однесувањето на адвокатите на одбраната, кои ја одолговлекуваат постапката го оценува судот. Груевски е обвинет за кривично дело насилство за кое е предвидена казна од три месеци до пет години“, рече Фетаи.

Таа додаде дека во обвинителниот акт многу јасно и детално пишувало за што се сомничи експремиерот Никола Груевски. Наредното рочиште е закажано за 18 декември.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он