Три прочистувачи за воздух донирани за децата во Карпош

Од:

Градинките „Мајски цвет” во Тафталиџе 2 и „Орце Николов” во Карпош 2 се првите две предучилишни установи во Општина Карпош на кои им се донирани јонизатори (прочистувачи на воздух), наменети за најмалата група деца-јасли. Донацијата на локалната самоуправа, денеска ја врачи градоначалникот Стефан Богоев кој нагласи дека дарувањето три прочистувачи на воздух во две градинки на територија на Општина Карпош ќе овозможи поздрава животна средина за дел од најмладите жители од Општината:

– Свесни сме дека со овие три прочистувачи на воздух не се опфатени сите градинки во Карпош, но барем за дел од дечињата ќе овозможиме почист воздух. Со домаќинско работање, во претстојниот период ќе се залагаме да овозможиме вакви јонизатори и во сите други градинки, рече Богоев.
Селекцијата на градинките во кои е дадена донацијата е врз основа на опфатот, бројката на деца во најмалите групи – јасли во овие градинки и приоритетната потреба од нив. Меѓу другото, во градинката „Орце Николов” во Карпош 2 неодамна се појави вирусот „коксаки“ кој предизвикува здравствени проблеми кај децата.

Иако, во меѓувреме ситуацијата е стабилизирана, Советот на Општина Карпош, во насока на зголемена превенција и заштита на децата, одлучи еден од јонизаторите да биде дониран токму во градинката во Карпош 2.

При денешната посета на градинките, Богоев се запозна и со најчестите проблеми со кои се соочуваат вработените во овие установи за згрижување и нега на децата.

– Детската заштита мора да биде еден од врвните приоритети. Затоа ќе работиме на подобри услови, програми за социјализација и едукација на најмладите, замена на старите играчки со нови, изработени од еко материјали, а Општина Карпош и натаму ќе работи на унапредување на условите во кои претстојуваат најмладите карпошани, нагласи Богоев.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира