Ноќеска во два часот по полноќ покрај Земјата ќе помине астероидот Апофис, за кој се претпоставува дека во 2036 година може да удри во нашата планета.
Астероидот Апофис, наречен според египетскиот бог на темнината, ќе помине покрај нашата планета, на релативно голема оддалеченост – 15 милиони километри.
Овој астероид е широк 300 метри и повторно ќе помине покрај Земјата за 16 години, кога ќе биде оддалечен само 30.000 километри.
Руските научници, како што јави „Гласот на Русија“, сакаат кон астероидот да пратат сателит, кој би дознал нешто повеќе за неговото движење и за тоа колку е опасен за Земјата.