Статусот на Ерусалим треба да се одреди во рамката на договорот меѓу Израел и Палестина, смета британската премиерка Тереза Меј, која што најави дека за тоа ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.
– Имам намера да разговарам за тоа со Доналд Трамп. Статусот на Ерусалим треба да се одреди во преговорите меѓу Израелците и Палестинците, рече Меј.
Таа смета дека Ерусалим на крајот ќе биде поделен меѓу Израел и Палестина, која што ќе биде суверена и одржлива.