Чешкиот претседател Милош Земан го назначи Андреј Бабиш за премиер, кој денеска во Прашкиот замок положи свечена заклетва.
Чешкиот претседател за премиер го назначи бизнисменот милијардер и покрај тоа што тој досега нема обезбедено парламентарна поддршка за еднопартиска малцинска влада. Кон средината на следниот месец претстои да му биде гласана доверба.