Бугарите од МЗТ и Работнички подготвени за борба

Од:

Бугарските репрезентативци Јордан Минчев и Чавдар Костов со нетрпение го очекуваат македонското кошаркарско дерби. За нив ова ќе биде прво вакво искуство и поради тоа посакуваат да забележат победа со својата екипа, а кој ќе се радува на крајот останува да видиме.

Помладиот од нив, Јордан Минчев е член на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

– Од соиграчите сум информиран дека градското дерби е важно за сите, играчите, навивачите, пласманот. Се надевам на наша добра игра. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број, а ние ќе се погижиме да им возвратиме со добра игра, вели кошаркарот на шесткратниот македонски шампион.

Од другата страна, во дресот на Работнички ќе биде поискусниот Чавдар Костов.

Тој упати пофални зборови за Минчев, за кого рече дека е иднината на бугарската кошарка, но се надева дека на вечерашниот дуел, искуство ќе ја победи младоста.

– Младиот е добар играч. Иднината е пред него. Му посакувам да се развива се подобро и подобро, рече Костов кој сезонава ќе се обиде да му помогне на Работнички да ја освои 15. Титула.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Работнички почнува во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ и ќе има хуманитарен карактер.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ