Груевски повторно си го бара пасошот, од Јавното обвинителство бил препратен во СЈО

Од:

Експремиерот, Никола Груевски, побарал од Јавното обвинителство на РМ, судот да му го врати пасошот, но од таму му рекле дека не се надлежни и за тоа барање да се обратат во СЈО.

Ваквата реакција на ЈО е спротивна од случајот со Сеад Кочан, кога Обвинителството на Зврлевски се прогласи за надлежно да го застапува предметот пред Врховниот суд, од ЈОРМ.

-Јавното обвинителство на Република Македонија ценеше дека не е надлежно да постапува по доставената иницијатива и ја препрати во надлежното Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на натамошно постапување“, велат од ЈОРМ.

Ова е втор ваков предмет, откако Обвинителството на ист начин постапило и по барањето на ексминистерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која побара судот да ѝ го врати пасошот.

Од специјалното обвинителство велат дека единствено тие се надлежни да постапуваат во сите три инстанци на предметите кои се под нивна надлежност.

-Законот за јавно обвинителство за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“ е јасен. Ова Јавно обвинителство е овластено да постапува во сите три инстанци во предметите по наша надлежност. Во овој контекст ние постапивме и кога беше поднесено БЗЗ во случајот „Труст“ бидејќи и во тој случај надлежно обвинителство беше токму ова јавно обвинителство“, велат од СЈО.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно