Жителите на Богданци со отворено писмо до премиерот Заев: На предизборните митинзи рековте дека рудник во Казандол нема да има

Од:

Жителите на Богданци преку собирање потписи и отворено писмо до премиерот Зоран Заев повторно го кренаа гласот против изградбата на рудникот Казандол. Целата иницијатива беше покрената од активистот Илија Тумбов кој за десет дена, од 17 до 26 ноември, успеа да собере 1.301 потписи од жителите на општина Богданци. Ова беше мотив за Тумбов преку писмо да му се обрати на премиерот Зоран Заев и да го потсети на неговите предизборни ветувања дека нема да дозволи отворање на рудник во селото Казандол.

„Вие, господине Заев, во својството лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, истовремено и премиер на Владата на Република Македонија во кампањата за последниве локални избори на митингот во Богданци изјавивте дека Вашата партија, заедно со коалицијата, е ориентирана кон создавање услови за здрава животна средина за граѓаните наспроти загадувањето што на животната средина ѝ го нанесуваат рудниците и уште додадовте дека ако треба да бирате меѓу здравјето на луѓето и добивката од рудниците Вие ќе се одлучите за здравјето на луѓето. На предизборните митинзи во Пирава и Јосифово, општина Валандово, бевте уште поконкретен во изјавата и рековте дека рудник во Казандол нема да има“ – пишува во писмото упатено до премиерот Заев.

Во општина Богданци во јуни годинава се одржа успешен референдум на кој речиси 100 отсто од излезените гласачи се спротиставија на изградбата на рудници во регионот. Во јули против отворањето рудници на референдум се изјаснија и жителите на општина Дојран. Сличен референдум се одржа и во Валандово, но тој беше неуспешен затоа што недостасуваа околу 300 гласа за да биде исполнет цензусот од 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Бектеши: Нема институција што не дала позитивно мислење за рудниците од 2005 година наваму

A1on

После час и половина чекање, Бектеши ја одложи средбата со новинарите на тема рудници

A1on

ИНТЕГРА прашува каде оди македонското богатство, во чии раце се прелева и со која цел се осиромашува македонскиот бизнис

Тренчевска: Бектеши утре опширно ќе информира за спојувањето на концесиите, рудникот нема да ја растури коалицијата

A1on