И покрај повлекувањето на барањето за притвор на Пуџдемон од страна на Врховниот шпански суд, сепак тој ќе остане во Белгија, соопшти неговиот адвокат, Пол Бекаерт.
Тој кажа дека постапката против Пуџдемон престанува, но тоа не значи дека тој ќе се врати во Шпанија. Пуџдемон заедно со четворица министри од разрешената каталонска Влада во моментов се наоѓаат во Белгија. Тие се обвинети за бунт против Шпанија.
Врховниот суд информираше дека барањето за притвор се повлекува со што на обвинетите ќе им се овозможи да учествуваат на изборите закажани за 21 декември.