Шекеринска на Берлинскиот форум за надворешна политика

Од:

На покана на Федералната канцеларија за надворешни работи на Германија и Кербер Фондацијата, министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска денеска во Берлин учествуваше на Форумот за надворешна политика, посветен на иднината на Европа и релациите со Русија и Кина.

На панелот насловен „Линии на одбрана – обезбедување на Европа и нејзиното соседство“, говореа министерката Шекеринска, поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен, претседателот на Советот на федералниот комитет за надворешни работи на Руската Федерација Константин Косачев и пратеникот Микаел Георг Линк.

Министерката Шекеринска во рамките на дискусијата за европската безбедност и одбрана се осврна на безбедносните предизвици на Македонија, на регионот, но и состојбата во Украина и можностите за нејзино решавање користејќи ги научените лекции на Балканот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ