Џефри Фелтман, потсекретарот на ОН за политички прашања утре ќе пристигне во посета на Северна Кореја, во време на високи тензии меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.
Се очекува тој да се сретне со севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо.
Во Пјонгјанг, Фелтман ќе се сретне и со претставници на дипломатскиот кор, а за време на посетата на Азија Фелтман ќе отпатува и во Кина.
Ова е прва посета на висок претставник на ОН на Северна Кореја од 2011 година.