Марио Сентено денеска беше избран за нов претседател на Еврогрупата, која опфаќа министри за финансии на 19 земји кои што го користат еврото како своја валута.
Португалскиот министер за финансии важеше за фаворит пред денешното гласање. Тој во вториот круг го победи министерот за финансии на Луксембург, Пјер Грамењ.
Мандатот на претседателот на Еврогрупата е со траење од 2 и пол години, а Сентено доаѓа на местото на Јерун Дијселбум од Холандија, кој беше приморан да ја напушти позицијата бидејќи не е веќе холандски министер.