Ирецот Паскал Донахју реизбран за претседател на Еврогрупата

Од:

Ирецот Паскал Донахју денеска беше реизбран за претседател на Еврогрупата.

Еврогрупата е неформално тело составено од министрите за финансии на 19-те земји кои го користат еврото како своја валута.

Нејзиниот претседател се избира со консензус на министерски состанок во Брисел.

Четириесет и осумгодишниот Донахју, кој е на функцијата од јули 2020 година, беше единствениот кандидат за претседател.

Претседателот на Еврогрупата е една од личностите од големо значење во Брисел, покрај претседателите на трите големи европски институции – претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, како и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Неговата задача е да претседава со месечните состаноци на министрите за финансии на земјите од Еврогрупата, чија цел е да ги координира националните економски политики на земјите од Еврозоната.

Донахју вети дека ќе вложи напори за решавање на тензиите меѓу северните и јужните земји во Еврогрупата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Еврогрупата не одобри исплата на последната транша од помошта за Грција

Ана Ололовска

Марио Сентено нов претседател на Еврогрупата

Наум Локоски

Пад на каматите на обврзниците по одлуката на Еврогрупата за нова транша за Грција

Наум Локоски

Министрите за финансии на Еврогрупата и ја одобрија на Грција следната транша од 8,5 милијарди евра

Наум Локоски

Еврогрупата го одобри договорот меѓу Грција и кредиторите

Наум Локоски

Грчкиот Парламент ќе гласа за мерките што ги бараат кредиторите

Ана Ололовска