(ВИДЕО) Милошоски: Својата неспособност владата ја прикрива со местени апсења и нарачани судски пресуди

Од:

Својата неспособност, Владата ја прикрива со местени апсења и нарачани судски пресуди и прогони, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешниот протест пред министерството за правда.

Тој додаде дека сегашната влада не е дојдена на власт за да ја зголеми платата и животниот стандард, бидејќи како што кажа, тие немаат економски план.

Милошоски потенцираше дека со местените апсења и нарачани судски пресуди се прави неправда, а неправдите ќе родат и нови неправди.

ВМРО-ДПМНЕ протестира против приведените за настаните од 27 април, кога во македонското Собрание беа нападните пратениците од владејачкото мнозинство.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ