(ВИДЕО) Трајановски: Единствен грев на приведените е што си ја сакаат Македонија

Од:

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред министерството за правда изјави дека единствениот грев на приведените е тоа што си ја сакаат Македонија.

Тој кажа дека Македонија во последниве години е под тежок притисок.

– Лани „Шарената револуција“ финансирана од сомнителни извори демолираа јавни институции, го малтретираа народот, држеа говори на омараза. Сепак и покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, рече Трајановски.

Тој кажа дека со изборот на претседател на Собранието на Република Македонија била испровоцирана масата.

– Ја испровоцираа масата кога нелегално избраа претседател на Собранието, па сега апсат обични граѓани, акетери, режисери. Нивната вина е што ја сакаат Македонија, рече Трајановски.

Поранешниот градоначалник напомена дека првичното обвинение за учесниците од настаните од 27 април беше учество во толпа, па сега било променето во тероризам.

ВМРО-ДПМНЕ протестира против приведените за настаните од 27 април, кога во македонското Собрание беа нападните пратениците од владејачкото мнозинство.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

СДСМ: Скандали го тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

Горан Наумовски

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on

Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта

Катерина Ѓуровски

Трајановски: Престанете да ја дефокусирате јавноста и ставете го Штабот за заштита и спасување на град Скопје во мобилна состојба

Предраг Петровиќ

Град Скопје покрена постапка до Антикорупциска за Коце Трајановски

Ана Ололовска