Тимошенко објави граѓанска непослушност

Од:

Лидерот на украинската опозиција и поранешен премиер Јулија Тимошенко, која е осудена на осум години затворска казна, објави граѓанска непослушност.

Тимошенко за својата иницијатива информираше во отворено писмо, кое денеска беше прочитано пред новинарите од страна на нејзиниот адвокат, пратеникот Сергеј Власенко.

Во писмото таа наведува дека од денеска се откажува да соработува со обвинители и судии и нема доброволно да излегува пред судот, кој го нарече „инквизициски“.

– На суд ќе треба да ме однесат со употреба на груба физичка сила. Јас ќе се спротивставам колку што имам сила и живот во себе, истакнува Тимошенко.

Таа нагласи дека повеќе нема да дозволи да биде подложена на истрага и нема да се врати во болничката соба, додека од таму не се отстранат видео камерите и обезбедувањето.

Според Власенко, Тимошенко „не се смета за затвореник, туку за политички заложник на актуелниот систем“.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски