ВИДЕО: Советот на Гази Баба блокиран, советниците на ВМРО-ДПМНЕ се солидаризираат со притворените

Од:

Новиот градоначалник на општината Гази Баба денес информираше дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја блокирала работата на општина Гази Баба. Борис Георгиевски, градоначалник на општина, вели дека причината за блокадата било солидаризирањето на советниците со притворените учесници и организатори на насилниот упад во Собранието на 27 парил. Со оваа постапка, тие спречиле донесување нацрт буџет на општината.

„Наместо да одберат развој и буџет на општината, ВМРО-ДПМНЕ одбра да постапи по наредба на Никола Груевски. Ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да ја блокира работата на Советот на општината. Оваа блокада која денеска ја прават значи опасност да се исплаќаат плати, да се реализираат веќе започнатите активности, со еден збор блокада на системот на општината, која е на директна штета на граѓаните“, вели градоначалникот Герогиевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка на блокада го спречувала реализирањето на шест проекти во општината, потенцирајќи дека истите се во интерес за подобри услови за живот на граѓаните.

„Ниту јас, ниту граѓаните на Гази Баба не може да бидат заложници на нечииј криминални интереси. Ако ВМРО-ДПМНЕ тоне, не дозволувам да не повлече и нас. Токму затоа согласно овластувањата, а се со цел да не трпи општината и граѓаните. Заедно со администрацијата во општината Гази Баба и советниците од советничката група на СДСМ и коалицијата, во текот на оваа недела ќе ги завршиме сите планирани средби со граѓаните, бизнис секторот и невладините организации за нивните барања за да не трпат обврските кои ги има општината. Доколку советниците на ВМРО –ДПМНЕ не се вразумат и продолжат со блокирањето на буџетот ќе одиме со мерката времено финансирање на општината“, додаде градоначалникот Георгиевски.

Тој и порача на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека протестираат на погрешна адреса и според него, општината Гази Баба не е кривичен орган и не притвора никого.

К. Л.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати