Адаптацијата на „The Normal Heart“ на Рајан Марфи доаѓа на „HBO“. Филмот, во кој настапуваат Џулија Робертс, Марк Рафало и Мет Бомер, ќе има премиера во текот на следната година.
Мајкл Ломбардо, претседателот на „HBO“, во својата изјава рече: „Ние сме навистина горди што овој монументален проект ќе оди на нашата програма. Рајан собра неверојатна екипа за да го екранизира ова театарско дело на Лери Крамер по првпат. Навистина сум возбуден што овој важен филм ќе се емитува на програмата на HBO.“
Оскаровката Џулија Робертс ќе го толкува ликот на лекарката Ема Брукнер која ги лекувал неколкуте први пациенти заразени со вирусот HIV. Марл Руфало ќе го толкува Нед Викс, лицето кое директно сведочело за разорното влијание на болеста за њујоршката геј заедница.
Филмот ќе го режира Рајан Марфи, а драмата за филм ја адаптираше авторот Лари Крамер, еден од првите поборници за превенцијата од СИДА-та и нега за заболените.
Пиесата „Нормално срце” во американските театри почна да се прикажува во 1985 година, а повторно беше поставена на Бродвеј во 2011 година и тогаш го доби признанието Тони за најдобар ривајвл.