Коѕијас: Потребен е компромис за прашањето за името

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“ вели дека мора да се најде компромис за прашањето за името за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи.

– Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучување кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје, наведува Коѕијас.

Тој нагласува дека и Атина и Скопје сфатиле дека треба да работат врз основа на консензус и компромис.

– На сите наши соговорници сега им е јасно дека мора да се најде чесен компромис за прашањето за името со нашиот северен сосед. Вистина е, исто така, дека некои од ЕУ во минатото создаваа илузии дека патот кон членство во Унијата и во други организации може да биде отворен без компромис, наведува Коѕијас, прашан дали е сега моментумот за решавање на спорот за името со Скопје.

Би можело да ве интересира

Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра во Грција

Горан Наумовски

Трагедија на островот Кос: Загина жена, албански државјанин, нејзиниот сопруг е во критична состојба

Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трагедија во Грција: Се удави 30-годишно момче кое требаше да се ожени за 20 дена

Силен земјотрес ја погоди Грција

Горан Наумовски

Сотирис Минас: Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета никому, тие се дел од светското културно наследство