Претпладнево пред белгиски судија ќе се појават разрешениот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон и четворица членови на неговиот регионален кабинет.
Судот ќе одлучува дали тие ќе бидат предадени на Шпанија, која што издаде наредба за нивно апсење. Во исто време и шпанскиот Врховен суд ќе одлучува дали од притвор ќе ги ослободи десетмината каталонски сепаратистички лидери, кои беа затворени поради организација на референдумот за независност на 1 октомври.
Оваа одлука се чека со големо внимание затоа што се очекува „репресиите“ на шпанската држава, чии жртви се овие „политички затвореници“, да бидат главна тема на политичкиот блок кој сака независност на Каталонија во кампањата за регионалните избори што почнува денеска.