Нафтениот гигант Шел потпиша договор со неколку светски водечки автопроизводители, за изградба на екстра-брзи станици за полнење електрични автомобили по европските патишта.
Имено, Шел се соедини со компанијата Ајонити, зад која стојат неодамна здружените БМВ, Дајмлер, Форд и Волксваген. Со оваа соработка, се предвидуваат станици за полнење на 80 места на Европскиот Континент. Монтажата ќе трае до 2019 година, со што Шел ги остава своите најголеми соперници далеку зад себе.
Првите 80 станици ќе бидат подигнати во Белгија, Велика Британија, Франција, Холандија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Полска и Словенија. За во Германија се планирани 20 такви станици.
Во соопштението на Шел, стои дека – брзо полнење подразбира капацитет од 350 киловати и време на полнењето од пет до осум минути.