Во Охрид одбележан Меѓународниот ден на лицата со хендикеп

Од:

Со повеќе спортски активности лицата со телесен инвалидитет од „Мобилност” од Охрид го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со хендикеп.

Претставници на „Мобилност“ имаа средба и со други здруженија и невладини организации и со градоначалниците на Охрид и Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески.

Претседателот на општинското здружение на лицата со телесен инвалидитет Венко Голабоски истакна дека нивни членови не се само лица со посебни потреби, туку и лица со посебни способности, притоа посочувајќи ја уметничката од Струмица, Розе Мојсоска, која во оваа пригода и подари уметничко дело на општинската организација од Охрид.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност