Најстарата подземна железница на светот, популарното лондонско метро, оваа недела слави 150 години од своето постоење.
Препознатливиот симбол – црвено-син-бел знак, стана профитабилен дел на туристичката индустрија на градот.
Лондонската подземна железница отворена е во 1863 година за да се олесни се поголемата гужва во сообраќајот на сред растот на бројката на населението и на индустријализацијата на градот.
Двата брега на Темза се поврзани со железничката пруга 1869 година, кога е отворен тунелот под речното корито, прв од тој вид во светот.
Лондонското метро има 12 линии, со вкупна должина од 408 километри, 275 страници, главно подземни, а дневно се превезуваат просечно три милиони луѓе.