Најмалку 12 лица загинаа денеска при двоен самоубиствен напад во североисточниот дел на Нигерија, соопштија претставници на локалните власти.
Осум мажи и четири жени загинале во нападот, кој бил извршен на пазар во градот Биу, во државата Борно. Напаѓачите го активирале експлозивот кој го имале на себе во момент додека хуманитарни работници им раздавале храна на луѓето
Друг официјален претставник, повикувајќи се на болнички извори, изјави дека бројот на жртвите изнесува 15 лица, а 47 се повредени.